Педофилски скандал во Србија: Тренер на Радник наговарал млад фудбалер на секс

Тренер од младинските категории на Радник Сурдулица е приведен поради сексуален напад на 13-годишен фудбалер од академијата на клубот.

38-годишниот тренер во континуитет испраќал пораки со непримерна содржина до фудбалерот наговарајќи го на сексуален однос. По извршените испитувања полицијата поднела кривична пријава до тренерот на клубот.

Извори блиски до истрагата наведуваат дека таткото бил тој кој случајот го пријавил во полиција откако неговиот син му ги покажал пораките од тренерот.

„Таткото го предаде и мобилниот телефон на инспекторите во кои беа бројни вулгарни пораки. Осомничениот А. Ф. дал изјава во полицијата во која ги негира наводите од младиот фудбалер. Тренерот е пуштен да се брани од слобода, а случајот понатаму го презема јавното обвинителство. И двата телефони, и на момчето и на тренерот, се дадени на вештачење“ – наведуваат полициски извори од Србија.

Се вчитува...