Педри: Фала му на Реал што ме одби

Една од најсветлите точки на Браселона на почетокот на оваа сезона е младиот Педри. Шпанецот пристигна во редовите на каталонскиот тим минатата сезона од Лас Палмас, трансфер вреден околу шест милиони евра, а оваа сезона доби шанса и добро ја искористи заблагодарувајќи се со два гола на десет одиграни меча.

„Имав проба во Мадрид и ми кажаа дека не сум доволно добар. Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам на личноста која одлучи дека не сум доволно добар да играм за Реал Мадрид, бидејќи сега сум во клубот во кој што отсекогаш сакав да бидат“ – изјави за шпанските медиуми младиот талент.

Останува да видиме како Педри ќе се „освети“ доколку постигне гол на следното „Ел Класико“.

Се вчитува...