Пехарот од Копа Либертадорес заврши во такси! (ФОТО)

Супер Класико не се одигра и по вторпат во два дена. По инцидентите што се случија синоќа, кога фановите на Ривер Плата го нападнаа автобусот на Бока јуниорс со солзавец, големото дерби кое сега треба да се игра како финале од Копа Либертадорес, повторно е одложено.

Капотените на двете екипи, Понзио и Пабло Перез не дочекаа да го кренат посакуваниот пехар, па тој заврши во такси! Ќе го чека победникот во најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка, но кога ќе има услови да се одигра Супер Класико. Можеби и некаде надвор од Буенос Аирес.

Се вчитува...