Пехрсон: Имавме многу шанси, очигледно е на чија страна беше среќата

Вардар има активен резултат (1-1) по првиот меч против Малме во квалификациите за ЛШ, а тренерот на шведскиот првак Магнус Пехрсон, смета дека го заслужил исклучиво со среќата која била на страната на македонскиот шампион оваа вечер на „Сведбанк арената“. Тој вели дека Малме создал многу повеќе шанси и заслужил да стигне до триумф.

„Создадовме огромен број шанси и жално е што не победивме. Очигледно е на чија страна беше среќата оваа вечер. Емотивно не се чувствувам најдобро, ниту јас ниту фудбалерите, затоа што јасно е кој беше подобар ривал на теренот. Вардар прв постигна погодок, а потоа ние внесовме нови играчи кои донесоа промена на темпото. Успеавме да израмниме, имавме одлична шанса и за триумф, но топката како да не сакаше во голот на противникот. Сепак, на крајот се памети резултатот, со 1-1 Вардар е во предност, но ќе одиме да победиме на гости во Македонија“, изјави тренерот на Малме, Магнус Пехрсон.

Се вчитува...