Пејтон: Леброн е подобар кошаркар од Џордан

Некогашната голема ѕвезда на НБА лигата и Сиетл, Гери Пејтон, одлучи да зборува за споредбите меѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан кои станаа „вечна“ тема која не се исцрпува.

Пејтон смета дека актуелната НБА ѕвезда е многу покомплетен играч од тоа што бил Џордан на времето, имајќи предвид дека тој самиот играше во периодот кога Ем-Џеј беше број еден во лигата.

„Џејмс е многу подобар „олраунд“ играч од Џордан, многу подобар. Леброн прави многу работи. Додава подобро од Џордан, дрибла малку подобро од него, не шутира подобро, но затоа подобро скока“, истакнал Пејтон.

 

 

Се вчитува...