Ракометарите на Вардар добија пеколна група во новата сезона од Лигата на шампионите. Вардарци се носители во Групата А, во која денешната ждрепка во Виена ги смести уште и актуелниот шампион Монпелје, потоа Кјелце, Барселона, Веспрем, Мешков Брест, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Мешков Брест.
„Црвено-црните“ ќе имаат од ред до ред се атрактивни противници и тешка задача да го повторат успехот од претходните две сеозни кога групната фаза ја завршуваа на првото место што им носеше директен пласман во четвртфиналето од ЛШ.
Меѓу другите, гости на Вардар во Скопје во новата сезона ќе му бидат и двајцата македонски репрезентативци – Филип Талески со Рајн Некар Левен и Дејан Манасков со Веспрем.
Кире Лазаров со Нант ќе игра во Групата Б со ПСЖ, ПИК Сегед, Фленсбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор Запорожје со Жарко Пешевски и Целје Пивоварна Лашко.
Натпреварите од групната фаза во ЛШ во машка конкуренција стартуваат на 12/16 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА