Пеле никогаш не е прогласен за најдобар играч на светот!

Едсон Арантис ду Насименту, познат како Пеле, нема освоено „Златна топка“, награда која се доделува на најдобрите фудбалери.

Постојано се зборува за тоа дали славниот Бразилец е подобар од денешните ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Иако, многумина тврдат дека тој е и најдобриот што некогаш играл фудбал.

Сепак, Пеле никогаш ја нема освено „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот. Причината е што до 1995 година ниту еден играч надвор од Европа не можеше да стане добитник на Француската награда за фудбал.

По 1995 година, тоа правило се смени и „Франс Фудбал“ овозможи да се прогласи оној кој е навистина најдобар во светот. Така, во 2015 година беше одлучено да се доделат признанија на одредени фудбалери како почесни добитници на наградата. Па така, Пеле со седум Златни топки на насловна страница беше објавен од „Франс Фудбал“, и со тоа тие ја признаа грешката што ја направија во раните години.

Лионел Меси и понатаму е лидер со шест златни топки, Кристијано Роналдо има пет, а Платини, Кројф и Ван Бастен, имаат по три вакви награди.

 

Се вчитува...