Пеле повторно заврши на интензивна нега

Брзилскиот ас Едсон Арантес до Насцименто, познат како Пеле денеска повторно е примен во одделот на интензивна нега во болницата во Сао Паоло од каде беше пуштен на домашно лекување на почетокот на месецот по операција на тумор.

Операцијата е оценета како успешна, но сега поради мали компликации Пеле превентивно е хоспитализиран, пренесува бразилскиот ЕСПН.

Бразилецот не се наоѓа во животна опасност, но докторите одлучиле дека е подобро да ја врши рехабилитацијата во болница отколку дома.

Се вчитува...