Пеле пуштен од болница: Ништо не го боли, но бесен е поради една работа…

Пеле е пуштен на домашно лекување откако врз бразилската фудбалска легенда беше извршена операција за отстранување на тумор на дебелото црево.

Дел од информациите говореа дека Бразилецот се уште се наоѓа во животна опасност, но неговата ќерка Кели Насименто ги демантираше ваквите гласини.

„Пеле добро се опоравува по операцијата. Ништо не го боли, генерално е во добро расположение, но бесен е поради една работа. Многу се лути што смее да јаде само мека храна, тоа го вади од кожа“, истакна ќерката на легендата на светскиот фудбал.

Се вчитува...