Пелистер 2 дебитира во Европа против австриска Алпла Хард

Еурофарм Пелистер вечерва ќе го има првиот европски натпревар. Во Лигата на Европа на ЕХФ, битолчани ги чека двомеч со австрискиот тим Алпла Хард.

Тренерот на екипата Александар Јовиќ има максимален респект за екипата. Тој вели дека вицепрвакот на австрија ќе биде добар тест пред почетокот на првенството.

„Алпла Хард е добра и искусна екипа. Станува збор за вицешампион на Австрија. Во овој подготвителен период добивме материјали и направиме анализа, и мислам дека сме подготвени за овој предизвик. Имавме добри подготовки, одигравче четири пријателски средби и јас сум задоволен од тие мечеви. Сметам дека ќе бидеме подготвени прво за овие два меча во Европа, а потоа и за првенството“, рече Јовиќ.

Првиот меч се игра вечерва во Австрија, додека седум дена подоцна во Битола се игра реваншот. Двата дуели стартуваат во 19 часот.

Се вчитува...