Пелистер 2 ќе брка негатива од три гола на реваншот во Битола против австриска Алпла

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија со 24-21 на гостувањето кај австриска Алпла Хард во првиот натпревар од двомечот во првото квалификациско коло во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

Домаќините подобро го отворија мечот и успеаја со силна одбрана на полувреме да заминат со позитива од два гола (13-11). Натпреварот се движеше слично и во вториот дел. Силни одбрани на двете страни, а голови се постигнуваа тешко. Оваа игра повеќе им одговараше на домаќините кои на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 24-21.

Петровиќ и Арсеновски со по пет гола беа први имиња во таборот на нашиот тим, додека кај победникот Лука Рашле заврши со седум.

За една седмица реваншот ќе се игра во Битола, каде вториот тим на Пелистер ќе се обиде да стигне до својата прва историска европска победа.

Се вчитува...