Пелистер 2 пружи отпор, но Алкалоид стигна до победа во Битола

Ракометарите на Алкалоид ја запишаа и втората победа во новата сезона во Суперлигата откако вечерва славеа на гостувањето кај Е. Пелистер 2 со 27-31.

Младите битолчани пружија голем отпор против фаворитот, но на крајот немаа сила за ништо повеќе од достоен пораз од 27-31. Марко Митев со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кристијан Симоновски постигна девет гола.

До победа стигна Прилеп кој со неверојатен пресврт во финишот славеше над Младост Богданци со 29-30.

Се вчитува...