Кошаркарите на Кожув без никакви проблеми славеа со 95-75 против Пелистер во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Гевгеличани добивајќи ја првата четвртина со 25-19 веднаш најавија дека нема да дозволат изненадување на натпреварот. Пелистер се врати во игра во вториот период, но со убедливата трета четвртина од 31-16, Кожув дефинитивно си ја осигура победата. До крајот на дуелот само рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.
Најефикасен во триумфот на Кожув беше Пејн со 21 поени и седум асистенции, а Џенкинс со 20 поени и 10 скока беше веднаш зад него. Караџовски постигна 18 поени, а Зданавичиус мечот го заврши со 14 поени. Кај гостите Браун беше најефикасен со 25 поени.
Со оваа победа Кожув стигна до 11, наспроти и шест порази, додека Пелистер го запиша и деветтиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА