Пелистер доби тешка група во ЕХФ Европската лига

Вицепрвакот Е.Пелистер ги доби противниците во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Тежок ќе биде патот на битолчани кон следната фаза, со оглед дека доби тимови од Германија, Шпанија и Полска во групната фаза.

Ждрепката ги смести пелистерци во групата Г заедно со Гумерсбах, Ла Риоха и ПГЕ Вибжеже Гдањск.

Само двете најдобри ќе обезбедат пласман во идната фаза.

Се вчитува...