Ракометарите на Е. Пелистер продолжуваат со подготовките во Словенија, при што тимот на Лино Червар ја одигра третата контролна средба, забележувајќи ја и третата победа.
„Зелено-белите“ за противник на овој дуел го имаат Словењ Градец, меч што мина во израмнета борба и заврши со триумф на македонскиот вицешампион од 22-21.
Червар им даде шанса на сите ракометари, искусниот стратег повторно испроба најразлични тактички варијанти, но судејќи од подготовките едно е сигурно, цврстата одбрана ќе биде заштитен знак на „пелистерци“ во новата сезона.
Пелистер на 23 август го има својот прв официјален натпревар од новата сезона, во рамките на регионалната лига на домашен терен ќе го пречека српскиот шампион Партизан предводен од Раул Гонзалес на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
