Пелистер ги „скроти лавовите“ за големи три бода во битката за опстанок (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер славеа на домашен терен на „Петар Милошевски“ во Битола со 2-0 против Македонија Ѓорче Петров во меч од 28. коло од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и има три убави шанси во првите половина час преку Булатовиќ, но гостите успеаја да се одбранат. Најголемата шанса битолчани ја имаа во 31. минута кога спировски со глава убаво биеше, но од гол линијата добро реагираше капитенот Пецов и го спаси својот клуб.

Најголемата шанса гостите ја имаа во 42. минута кога Ајдоган добро биеше, но уште подобро интервенираше голманот на домашните Андреј Јовчевски. До крајот на првиот дел Булатовиќ повторно имаше шанса, но не успеа да го загрози повторно голот на Јанков.

Пелистерци подобрата игра конечно ја материјализираа на стартот на второто полувреме кога капитенот Мирко Ивановски стрелаше за 1-0 во

Гостите останаа и со фудбалер помалку откако црвен картон доби Гереро во 59. минута. Конечните 2-0 ги постави Србијанац со убав гол во 72. минута.

Се вчитува...