Еден од најдобрите играчи на Пелистер во историската сезона за клубот во мак-баскетот, Игор Кесар и следната сезона ќе го носи „зелено-белиот“ дрес откако Србинот и битолчани ја продолжија соработката на уште една сезона.
Српскиот интернационалец беше клучна фигура во тимот на Марјан Илиевски со просек од 20.7 поени, 6.9 скока и 2.3 поени по натпревар, па јасно е дека со задржување на костурот од претходната сезона и дополнувањето на ростерот битолскиот клуб повторно ќе атакува на висок пласман.
Претходно клубот ја продолжи соработката со Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски, пристигна и Марјан Младеновиќ, а денеска тимот го официјализираше и Американецот Тајлер Чез.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА