Пелистер го замени Чантурија со Гуглета

Ракометниот прволигаш Пелистер се засили со десното крило Александар Гуглета, кој е поранешен играч на Металург. Тој доаѓа на местото на грузискиот интернационалец Реваз Чантурија, кој го раскина договорот со клубот поради недоразбирање со тренерот Јошко Петковиќ.

Гуглета една и пол сезона беше дел Металург со кој настапуваше во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Претходно беше дел од составите на Црвенка и на Војводина.

Се вчитува...