Пелистер и Чантурија дефинитивно се разделија

Ракометниот прволигаш Пелистер го раскина договорот со ракометарот Ревас Чантурија. По расправијата со тренерот Јошко Петковиќ, ракометарот побарал раскин на договорот со битолскиот тим, информира РК Пелистер.

„Ракометниот клуб Пелистер ја информира пошироката спортска јавност и вљубениците  во ракометната игра за раскинување на договорот со ракометарот Ревас Чантурија, кој на свое барање после вербалната расправија на пријателскиот натпревар против екипата на Бутел, со шефот на стручниот штаб, Јошко Петровиќ, побара од Управниот одбот на РК Пелистер спогодбен раскин на договорот.

И покрај настојувањата на целата екипа и Управниот одбор за взаемно решавање на ситуацијата, сепак желбата беше на ракометарот беше конкретна, со одбивање на натамошна соработка и раскин на договорот, соопшти ракометниот клуб Пелистер.

Се вчитува...