Убедлив триумф остварија кошаркарите на Пелистер во првиот плеј-оф натпревар во битка за третото место на гостувањето кај ТФТ. Битолскиот тим на крај славеше победа од 109-87, и така дојде на дофат до третата позиција во македонското кошаркарско првенство.
Битолчани уште по првата четвртина направија солидна предност од 10 разлика (20-30). ТФТ успеа во вториот период да се соземе, да дојде и до негатива од еден поен, но повторно Пелистер успеа да дојде до добра предност, за во последната четвртина влезе со 13 поени предност.
Во последната битолчани само ја зголемуваа и на крајот стигнаа до убедлив триумф.
Вилсон кај Пелистер беше најефикасен со 27 поени, следен од Џенкинс со 26, и од Малешевиќ со 24. Гордон кај ТФТ со 21 поен беше најефикасен.
Вториот меч се игра во Битола. Ако Пелистер успее да победи, ќе ја добие серијата и сезоната ќе ја заврши со „бронза“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
