Пелистер поразен од Златибор во последниот меч во Бања Лука

Македонскиот кошаркарски вицешампион Пелистер доживеа пораз во последниот меч во балонот од АБА 2 во Бања Лука откако загуби од српскиот прволигаш Златибор Чајетина со 75-69.

Србите подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа предност од шест поени 20-14. Во втората четвртина разликата успеаја да ја зголемат за четири поени и на пауза да заминат со двоцифрена предност 37-27.

Во второто полувреме избраниците на Марјан Илиевски дадоа максимум да се вратат целосно во мечот, но не успеаја па на крајот Златибор стигна до конечен триумф од 75-69.

Немања Протиќ со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Донтеј Карутерс заврши со 22 поени.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...