Пелистер се засили со Србинот Станојевиќ

Србинот Александар Станојевиќ е најновото засилување на битолски Пелистер за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Станојоевиќ во Пелистер доаѓа како една од главните желби на тренерот Јошко Петковиќ за засилување на десната бековска позиција. 33-годишниот српски интернационалец е дете на белградски Партизан, а во својата кариера има настапувано и за германските Гумерсбах и Вецлар, словенечко Горење но и за скопски Металург.

Станојевиќ е поранешен српски репрезентативец кој има 32 настапи и за селекцијата на северниот сосед. Има и сребрен медал од светско првенство со младинската репрезентација на Србија.

Се вчитува...