Пелистер со големо засилување – потпиша Размоски од Вардар

Фудбалскиот клуб Пелистер формира силен тим со кој се надева на влез во Првата лига, откако битолчани успеаја да потпишат уште едно квалитетно засилување. Станува збор за Дарко Размоски, крилниот офанзивец кој доаѓа од таборот на Вардар и би требало да биде значаен адут на битолчани во новата сезона.

Овој фудбалер претходно ги има брането боите на Пелистер, како и на Беласица, Брегалница, Воска, Охрид и Вардар, за неговите услуги се интересираа неколку екипи од Македонија, но тој реши да се врати назад во таборот на битолчани.

„Чест ми е што сум повторно член на ФК Пелистер. Моите амбиции и амбициите на клубот се прва лига ќе дадам сѐ од себе да ја оствариме целта“, изјави Дарко Размоски по потписот на договорот со битолскиот второлигаш.

Претходно, Пелистер успеа да ги доведе како нови засилувања и Стефан Костов, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски и Симеон Христов.

Се вчитува...