Пелистер со стил му се реваншираше на Кожув

Kошаркарите на Пелистер му се реваншираа на Кожув за поразот во последното коло од регуларниот дел од сезоната откако вечерва во 2. коло од разигрувањето за плејоф славеа во Гевгелија со 85-95.

Битолчани одиграа многу подобар натпревар од претходниот во Гевгелија. Уште од самиот старт го контролираа мечот, а Кожув успеа да им парира само во вториот период. Сепак, како одминуваше мечот, Пелистер играше се подобро и на крајот заслужено стигна до триумф од 85-95.

Никола Малешевиќ со 21 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Брајан Боувен постигна 22 поени.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...