Пелистер со супер-засилување: Во Битола доаѓа Доналдсон од ТФТ

Вицешампионот Пелистер обезбеди големо засилување непосредно пред стартот на новата сезона од македонскиот шампионат, откако битолчани влегоа во завршна фаза од преговорите со Донован Доналдсон.

Станува збор за експлозивен плејмејкер и поентер кој пред неколку сезони настапуваше за Гостивар, а сезонава ја почна како член на ТФТ. Причините поради кои ќе дојде до разделба меѓу Доналдсон и ТФТ не се познати, но „пелистерци“ се подготвени да ја искористат ситуацијата и да го доведат Американецот во своите редови.

Пелистер беше во потрага по поентер откако летово тимот го напуштија Малешевиќ и Кесар, кои беа главни стрелци на тимот на Марјан Илиевски. Откако крилните и центарската позиција ги пополни со поинаков профил на играчи, актуелниот вицепрвак се фокусираше на квалитетен комбо-бек, профил во кој Доналдсон одлично се вклопува.

Се вчитува...