Пелистер триумфално низ Гевгелија

Пелистер стигна до 15. победа во Првата кошаркарска лига откако во 19. коло славеше на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 88-100. Домашниот тим беше подобар на отварањето на натпреварот лимитирајќи ги гостите на само 12 постигнати поени во првата четвртина, но продолжението од мечот беше целосно во знакот на кошаркарите во „зелено-бело“ кои дојдоа до границата од сто поени.

Отварањето на натпреварот беше во знакот на Кожув кој успеа да го заштити рекетот, а да издоминира во противничкиот па рано стигна до двоцифрена предност која сепак Хаџифејзовиќ ја намали на едноцифрена по 10. минути игра (21-12) преку реализација од линијата за слободни фрлања. Како што одминуваа минутите од првото полувреме „зелено-белите“ успеаја да го заштитат рекетот, а преку добрата игра во противничкиот и да ја вратат неизвеноста. А, подобрата реализација за три поени на домаќините на крајот на првото полувреме беше пресудна за предноста од еден напад (41-38).

Реализацијата за три поени на отварањето на второто полувреме овој пат му донесе предност на Пелистер. За битолскиот тим прецизни зад линијата 6,75 беа Маслинко, Карпентер и Стајиќ па гостите ја превземаа иницијативата за предност од 60-69 на влезот на последната четвртина. Во неа агресивната одбрана на Кожув успеа да ја ублажи предноста, но Пелистер умешно одговори во нападот и не дозволи неизвесен финиш.

Со 21 поен и 7 скока лидер на Кожув беше Ризвиќ, а него го следеше Гордон со 20 поени и 6 асистнеции. Со 24 поени и 11 скока Пелистер го предводеше Хаџифејзовиќ, додека Стајиќ натпреварот го заврши со 20 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Се вчитува...