Пелистер убедлив, останува перфектен во регионалната лига

Ракометарите на Е. Пелистер прославија уште една победа во регионалната лига, триумфирајќи на домашен терен над Дубочица со убедливи 38-24. „Зелено-белите“ имаа мали проблеми во првиот дел од првото полувреме, но штом го кренаа нивото на игра во одбрана дојде и до низа лесни погодоци на спротивната страна, што резултираше со убедлива победа на македонскиот вицешампион.

Гостите од Србија подобро го отворија натпрееварот, поведувајќи со 1-4 и потоа одржувајќи предност се до 8-10. Пелистер влезе во ритам, преку Атанасијевиќ и Калајџиески стигна до израмнување, а потоа со три нови гола и до водство од 13-10. На одмор се замина со 18-13 со голот од пенал на Кузмановски во последните секунди од полувремето, по што македонскиот тим во второто полувреме целосно доминираше, првото двоцифрено водство го имаше во 49. минута, преку Атанасијевиќ за 31-21, по што „пелистерци“ до крајот стигнаа до конечните „плус 14“.

Атанасијевиќ со 11 погодоци беше главна фигура на овој натпревар, Филип Кузмановски го заврши натпреварот со осум гола, а одлично издание имаше и младиот Калајџиоски кој пет пати се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...