Пелистер во неславно друштво – Втор клуб без освоен бод во ЛШ

Ракометарите на Е. Пелистер со пораз го завршија настапот во Лигата на Шампионите, четиринаесетти неуспех во низа за македонскиот првак во 14. меч од елитното европско натпреварување откако битолчани вечерва загубија на гостувањето против Колстад со резултат 34-27.

Со тоа македонскиот шампион стана само вториот тим во историјата на ЛШ кој групната фаза ја завршил без освоен бод.

Сепак, „пелистерци“ не се најлоши бидејќи тие годинава завршија со гол разлика -88, додека ППД Загреб од сезоната 2020/21 имаа -93 гол разлика. На оваа листа може да се приклучи и словенечки Целје кој утре е голем фаворит да загуби од данскиот ГОГ.

 

Се вчитува...