Пелистер загуби од Неа Саламина на првиот тест во Банско

Пелистер загуби минимално со 1-0 на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Банско, Бугарија.

Тимот на Срѓан Захариевски загуби од кипарската Неа Саламина во натпревар кој беше решен со гол уште во првото полувреме.

Претходно пред заминувањето за Банско, по преземањето на екипата од страна на Захариевски, „пелистерци“ во Битола славеа со 4-0 против второлигашот Новаци.

Следниот противник на „зелените“ за време на подготовките во Банско ќе биде кипарскиот Анортозис во вторник (25. јули).

Се вчитува...