„Пелистерка“ во мај, најголем пријател на спортот

По едно од најголемите спортски случувања кај нас, Скопски Маратон, македонската компанија Пелистерка, со оглед на својата долга традиција на спонзорирање на настани од спортски карактер, се потпишува зад уште едно уникатно спортско случување. Имено од 11 до 14 мај во Скопје ќе се случува Европското Кајакарско Првенство за сениори во дисциплината спуст.

kajakar 1

Овој реномиран кајакарски собир со натпреварувачи од повеќе од 30 земји, годинава ќе се одвива на две патеки. Првата е од мостот ООН во Влае до Градска Плажа, а втората патека е онаа традиционалната, најстарата кајакарска патека за спуст на диви води на Матка. Учесниците на ова Европско првенство, годинава ќе се освежуваат со дел од производите на една од најдобрите македонски компании, ПЕЛИСТЕРКА.

Водата исцрпена од изворот Меџитлија, или обичната вода на Пелистерка и соковите Swеet кои се пак идеална комбинација од минерална негазирана вода и грижливо одбрани концентрирани овошни сокови, комбинација која помага во исхраната на клеточното ткиво. Ова е втор настан од ваков карактер кој што го подржува македонскиот бренд Пелистерка. Со водата исцрпена од изворот Меџитлија, се освежуваа и кајакарите од 49 Илинденски Кајакарски спуст.

Комерцијален текст

Се вчитува...