„Пелистерци“ тргнаа на подготовки во Маврово

Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневни подготовки во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките. Предвидени се еднонеделни активности во познатата база во Маврово, каде пелистерци ќе ја билдаат формата за новата сезона.

Според планот на тренерот Жељко Бабиќ, македонскиот вицепрвак на 30 јули ќе го одигра првиот контролен натпревар сезоната против Еурофарм Пелистер 2.

По враќањето во Битола и слободните денови, на почетокот од август следува третата фаза, во која битолчани ќе одиграат два контролни натпревари против Металург.

Се вчитува...