Пенал или не – Реал пак води во Барселона (видео)

Реал Мадрид и по вторпат поведе на големото дерби против Барселона, овојпат со голот од пенал што го постигна Серхио Рамос.

Токму капитенот на „кралевите“ беше повлечен за дрес од Ленгле, а ВАР-судиите му сугерираа на главниот арбитар самиот да се увери во прекршокот, по што беше покажано на белата точка.

Каталонците протестираа дека контактот бил минимален, но тоа не му пречеше на Рамос од белата точка да го матира Нето и повторно да го доведе Реал во водство.

Се вчитува...