Пеп Гвардиола го пофали тренерот на Црвена Звезда пред мечот на „Етихад“

Манчестер Сити одбраната на трофејот во Лигата на Шампионите ја започнува од „Етихад“ против Црвена Звезда. Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ја превзема фаворитската улога пред утрешната средба, а имаше и пофални зборови за тренерот на белграѓани, Барак Бахар.

Гвардиола говореше за минатосезониот натпревар во најсилното фудбалско натпреварување кога израелскиот стратег беше на клупата на Макаби Хаифа, тим со кој одигра неверојатно против ѕвездите на ПСЖ Меси, Нејмар и Мбапе.

„Целта е победа, а крајниот резултат против Црвена Звезда ќе зависи од нашиот настап. Среќни сме што ќе ја браниме титулата, но натпреварувањето е такво што не дозволува опуштање. Единствени кои можат да се опуштат се раководителите на клубот“, започна Гвардиола.

„Го познавам Бахар, минатата сезона го тренираше Макаби. Имаа тешка група со ПСЖ и видов што им направија на Мбапе и Меси. Ме импресираше храброста. Утре ситуацијата ќе биде слична“

Се вчитува...