Пеп Гвардиола станува селектор на Бразил?

Репрезентацијата на Бразил има намера да го назначи Пеп Гвардиола за селектор по Мундијалот во Катар.

Наводно бразилската федерација смета дека Гвариола е виситнски наследник на Тите, кој заминува после Светското првенство 2022 година.

Федерацијата веќе имала контакт со Пере Гвардиола,  неговиот брат кој е воедно му е и агент. На Пеп му се нуди договор до следниот Мундијал во 2026 година, а ќе зема 12 милиони евра годишно.

Шпанецот има договор со Сити до 2023 година, и веројатно ќе си замине по завршувањето на истиот, а шпекулациите велат дека ова му е последна сезона на „Етихад“, особено ако не успее да го подигне трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...