Гвардиола за 50 милиони евра во Милан пронајде засилување за средниот ред

Фудбалерот за врска на Милан, Исмаел Бенасер треба да биде засилување за Манчестер сити во новата сезона.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „граѓаните“ се подготвени да платат 50 милиони евра за услугите на Бенасер кој во Милан пристигна од Емполи за 16 милиони евра. Претходно беше и во Англија, во Арсенал, но не доби вистинска шанса за демонстрација на своите квалитети.

Интерес за Бенасер има и од ПСЖ. Но, досега конкретна понуда има само од Пеп Гвардиола кој лично инсистирал за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Милан.

Се вчитува...