Англиските медиуми попладнево пренесоа бобастична вест дека Пеп Гвардиола заминува од клупата на Манчестер сити, без разлика на тоа дали „граѓаните“ ќе ја освојат Премиерлигата сезонава, или не.
Островјаните навуваат бурно лето на „Етихад“ кога ќе биде донесене и дефинитивната одлука на раководството на клубот, но се поизвесно е заминувањето на Шпанецот.
Се оди до таму дека сопствениците на Сити веќе го договориле италијанскиот тренер Енцо Мареска како наследник на Пеп Гвардиола, кој се поизвесно сака да замине од клубот.
Мареска, како што е познато, беше помошник на Гвардиола во сезоната 2022/23, кога Манчестер Сити ја освои историската тројна круна. Неговата врска со клубот оди уште подлабоко, со оглед на тоа што тој го водеше младинскиот тим на Сити во сезоната 2020/21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
