Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да направи ремонт во Манчестер Сити во новата 2026 година, и за таа цел е подготовен во јануарскиот преоден рок да продаде тројца фудбалери.
Станува збор за Савињо, Рико Луис и Оскар Боб, за кои Пеп е подготвен да ги продаде. Савињо е цел на Тотенхем веќе подолго време, но не се договорија двата клуба, со оглед дека Сити побара за него 80 милиони евра.
Бразилецот не избори поголема минутажа покрај Доку, Фоден и Черки, па можно е да се согласи да си замине, со цел да се наметне за својата селекција за СП 2026 година.
Рико Луис исто така е во втор план, за што сведочат само 181 минута во Премиер лигата оваа сезона. Тој постигна два гола за 90 минути само во Лига купот, што јасно покажува дека Пеп има план Б.
Боб не може да се издвои против силната конкуренција. Младиот 22-годишен Норвежанец одигра девет меча во Премиерлигата, главно влегувајќи од клупата, па би прифатил трансфер со кој би обезбедил поголема минутажа.
Сето ова Пеп би го направил за да го купи Антоан Семењо, чија откупна клаузула е 65 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

