Пеп мисли на иднината: Сити со нов договор до Фоден за продолжување на меѓусебната соработка

Манчестер Сити има намера да потпише нов договор со играчот од средниот ред Фил Фоден до 2027 година. Соодветните преговори меѓу „Граѓаните“ и 21-годишниот англиски репрезентативец се во напредна фаза.

Актуелниот договор на Фоден е до јуни 2024 година, а менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола им предложил на челниците на Сити да го обезбедат одличниот фудбалер и за следните сезони.

„Граѓаните“ исто така се подготвени да започнат преговори со играчот од средниот ред Родри за продолжување на договорот од 2024 до 2027 година.

Се вчитува...