Пепе го заобиколи Интер, потпишува за ПСЖ

Португалскиот дефанзивец Пепе, кој речиси беше договорен за трансфер во Интер, сепак, ќе заобиколи Милано и ќе се упати кон Париз. Искусниот одбранбен фудбалер кој го напушта Реал Мадрид, според шпанскиот весник „Марка“, одлучил да потпише двегодишен договор со Пари Сен Жермен и ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Причина за ова е побогатата понуда што ја испратил Унаи Емери, но и можноста Пепе повторно да игра во Лигата на шампионите. Италијанскиот калчолигаш Интер нема да настапува на меѓународна сцена во следната сезона.

Се вчитува...