Пепе Реина од лето во Милан, Донарума може да си замине?!

Искусниот шпански голман Пепе Реина, кој го чува голот на Наполи, од лето ќе се пресели во редовите на Милан. Оваа информација одекна на „чизмата“ во текот на денешниот ден, а полека добива своја потврда и во Шпанија. На Реина по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Наполи, а тој веќе се договорил за трансфер на „Сан Сиро“. Тој треба да потпише двегодишен договор и да заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Милан се чини дека навреме се обезбедува за можното заминување на Џанлуиџи Донарума. Неговиот агент Мино Раиола се обидува да го раскине неговиот актуелен договор со Милан, кој има важност до 2021 година, и сака да му обезбеди огромен трансфер во ПСЖ. Поради ова, и тифозите на Милан му порачаа на Донарума дека трча само по пари и дека може да си замине од „Сан Сиро“, сметајќи дека не го заслужува дресот на Милан.

Се вчитува...