Пепе Реина потпишува за Лацио

Лацио ќе биде новиот клуб на Пепе Реина, откако шпанскиот голман ги договори сите детали за двогодишна соработка со римскиот калчолигаш. Реина пристигнува на „Олимпико“ како слободен играч, по истекот на договорот со Милан,.

Тој го мина вториот дел од ланската сезона на позајмица во Астон Вила, му помогна на овој тим да обезбеди опстанок во Премиер-лигата, но потоа ја одби понудата да остане на „Вила Парк“. Како опција се споменуваше и Валенсија, но Реина на крајот реши да не се врати во татковината, туку да го продолжи престојот на Апенинскиот полуостров.

За тренерот Инзаги нема дилема, прва опција на голот останува Стракоша, но „лацијалите“ во Реина ќе добијат искусна резерва, подготвена да помогне секогаш кога тоа ќе му биде потребно на римскиот клуб.

Се вчитува...