Пепи Георгиев е прво засилување за Академија Пандев (ФОТО)

Пепи Георгиев е прво зимско засилување за Академија Пандев.

27-годишниот напаѓач доаѓа од шампионот на Албанија, екипата на ФК Теута каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно во својата кариера Георгиев, кој игра на крилните офанзивни позиции, има настапувано за екипите на Кожуф, Беласица, Силекс и Брегалница.

Се вчитува...