Перчевски од Фортуна Дизелдорф ја одбра Македонија, селекцијата до 19 години на тест против Полска

Македонската репрезентација до 19 години денеска во близина на Варшава ја очекува пријателскиот натпревар против соодветната селекција на Полска во рамките на подготовките пред квалификацискиот турнир за пласман на ЕП.

Селекторот Горан Станковски за денешниот дуел во Полска ќе смета и на Австралиецот со македонско потекло Џејми Перчевски од германската Фортуна Дизелдорф кој одбра да настапува во црвено-жолтиот дрес, и покрај понудите да игра и за младите селекции на Австралија.

„Благодарен сум на ФФМ и на селекторот што ми овозможија да бидам дел од националната селекција. Пред да го прифатам повикот исто така се консултирав и со Даниел Георгиевски околу тоа кој е најдобриот пат за мене во фудбалската кариера. Среќен сум што сум дел и од Фортуна Дизелдорф каде имам одлични услови за работа во земјата каде се игра најдобриот светски фудбал“ – вели 18-годишниот Перчевски.

Селекторот Горан Станковски за денешниот дуел против Полска ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Бојан ТИМЕВСКИ (Саса Каменица), Стефан ЈАКИМОВСКИ (Њу Старс); Одбрана: Зоран ИВАНОВСКИ (Академија Пандев), Адријан ХАЈДАРИ (Рапид Виена, Австрија), Филип АНТОВСКИ (Вардар),  Џејми ПЕРЧЕВСКИ (Фортуна Дизелдорф, Геманија), Стефан СИМОНОВСКИ (Генц Калемлер), Стефан НАУМЧЕСКИ (Вардар), Ангел СТРАТОРСКИ (Горица, Словенија); Среден ред: Анес ОСМАНОВСКИ (Унтерахинг, Германија), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Тренчин, Словачка), Али АДЕМ (Вардар), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Алекс ТАЛЕСКИ (Вардар); Напад:  Јакуп Бериша (Вардар), Марио НАУМОСКИ (Победа), Енсар ЉУМА (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија);

„Како предводник на оваа репрезентација за мене ова е втора можност на натпревар да се уверам во квалитетите на селекцијата и индивидуалните можности на фудбалерите. За двата меча против Полска и Англија повикавме неколку нови фудбалери (Хајдари, Перчевски, Страторски, Јакимовски) во однос на претходниот собир и се надевам дека сите ќе ја оправдаат довербата на овие силни тест натпревари и ќе се борат за место во тимот на квалификациските натпревари. Во екипата се и Фазлагиќ и Чурлинов, прв пат со мене како селектор, но тие се многу важна алка и исклучително потребни за секој меч. Квалификациите започнуваат на 14. ноември во Чешка и за нас е битно да имаме силни контролни дуели како двата што следуваат“ – изјави Горан Станковски, селектор на Македонија до 19 години.

Македонија на 16. октомври ја очекува и вториот контролен натпревар против Англија на гостински терен.

Се вчитува...