Перез го одврзува „ќесето“: Реал го наградува Винисиус со нов договор

Винисиус Јуниор оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Тој има договор со Реал до јуни 2024 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие двојно поголема плата плус бонуси.

Бразилецот ќе се обврзе на верност до „кралевите“ до 2026 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра. Се поизвесно е доаѓањето на Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“, кој ќе биде најплатен во тимот, па Реал сака да го награди Винисиус за добрите игри.

Се вчитува...