Перез го победи коронавирусот, се враќа за Рејсинг Поинт за Ф1 трката во Шпанија

Серхио Перез ќе се врати во тимот на Рејсинг Поинт за претстојната Формула 1 трка за Големата награда на Шпанија закажана за викендот. 30-годишниот Мексиканец ги пропушти двете претходни трки на Силверстоун поради тоа што беше позитивен на COVID-19. Тој заболе откако отпатува во родната земја во посeта на мајка си која имала несреќа. Негова замена беше Nико Хулкенберг. Перез е првиот Формула 1 возач кој заболе од коронавирус.

Рејсинг Поинт објави дека тој е негативен на COVID -19, а ФИА потврди дека може да се врати во натпреварувањето. Поради светската пандемија на коронавирусот, Ф1 сезонава почна многу подоцна, имаше серија откажувања и одложувања на трките. Конечно сезоната тргна, веќе се одржаа пет трки, следува натпреварувањето во Шпанија, а потоа и трките во Белгија, две во Италија, Русија, Германија и во Португалија.

Се вчитува...