Перез на маки: Реал не може да најде нов клуб за Еден Азар

Управата на Реал Мадрид планира да стори сѐ за да се ослободи од огромната плата на Еден Азар во претстојниот зимски преоден рок, но засега наидува на проблеми со оглед што никој не го сака преплатениот фудбалер.

Тој меѓу „кралевите“ дојде во 2019 година за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата бидејќи повеќе беше повреден, отколку што беше на теренот. Белгиецот повремено добива шанса од тренерот Карло Анчелоти, како на синоќешниот дуел со Кадис (0-0), но ниту од далеку не е напаѓачот кој беше голема опасност за секој противнички голман.

Меѓу најзагреаните за ангажман на Азар во моментов е Јувентус, кој, сепак, не може да си ја дозволи неговата плата од 20 милиони евра годишно дури и покрај подготвеноста на Реал Мадрид да го даде на позајмица. Конкретен во преговорите е и Њукасл, кој ги има парите и за плата и за трансфер, но Азар не сака да се пресели во клуб што се бори за опстанок, без разлика колку се богати неговите газди.

Се вчитува...