Перез најави „бомба“: Мбапе ќе стане „крал“ следната година!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во краток разговор со навивачите открил дека следното лето ќе биде ангажиран Килијан Мбапе, па на тој начин потенцирал дека ќе биде започнат и новиот проект на „галактикоси“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал подготвил шестгодишен договор за Мбапе, а засега не се откриваат финансиските детали од соработката, иако сигурно Французинот ќе биде еден од најплатените во светот.

ПСЖ ова лето успеа да го задржи Мбапе и да ги одбие сите понуди од „кралевите“, но проблем за парижаните е тоа што францускиот напаѓач има договор до следното лето.

Се вчитува...