Перез не го враќа Кристијано Роналдо во Реал Мадрид

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите Реал Мадрид нема да го врати Кристијано Роналдо, пренесуваат шпанските медиуми.

Поради пандемијата од Ковид-19 и финансиските загуби кои што ќе ги има италијанскиот шампион Јувентус, почна да се шпекулира дека тие ќе мора да ја продадат првата ѕвезда Кристијано Роналдо како би можеле да се соочат со проблемите кои ги носи вирусот кој го замрзна целиот живот. Откако излезе оваа информација почна да се шпекулира со можно враќање на Роналдо во дресот на Реал Мадрид, со кој дури четири пати успеа да ја покори Европа.

Сепак, „кралевите“ ја демантираат оваа информација, велејќи дека вратата за Роналдо во клубот секогаш ќе биде отворена, но само како гостин. Извори блиски до клубот велат дека исто така е проблем односот на Роналдо со соиграчите од Реал поради тоа што кога Лука Модриќ во 2018 година ја освои „Златната топка“, поргуалскиот ас не му честиташе јавно на Хрватот.

Роналдо го напушти Мадрид пред две години, веднаш по освојувањето на третиот трофеј во низа во Лигата на шампионите.

Се вчитува...