Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на Џуд Белингем. Репрезентативецот на Англија со своите настапи го привлече вниманието кон себе на неодамна одржаното Светско првенство, па сега за него се интересираат повеќе клубови.
Играчот од средниот ред следното лето ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот. Интерес за него покажаа Пари Сен Жермен, Ливерпул и Реал Мадрид. Всушност, „кралскиот клуб“ го направи приоритет цел за доведување на лето. Тоа значи дека нема да штедат за да го донесат. Останува да видиме дали и колку ќе успее во ова, бидејќи конкурент му е пребогатиот ПСЖ.
Заедно со играчот на Борусија Дортмунд, Мадрид се интересира и за играчот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис. Канаѓанецот има договор со баварскиот клуб до 2025 година и нема така лесно да се откаже од него. „Кралевите“ се заинтересирани и за одличниот Хрват, Ловро Мајер, но тука во битка за неговиот потпис влегува и градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА