Перез веќе го знае наследникот на Зидан, но не е Раул Гонзалес

Зинедин Зидан со Реал Мадрид освои се што може да се освои, но поради крајно лошите резултати на стартот од новата сезона веќе се поизвесно ќе биде разрешен од тренерската функција.

Шпанските медиуми веќе отворено пишуваат дека Зидан ќе добие отказ доколку не успее да победи на саботното „Ел Класико“ против Барселона, а претседателот Флорентино Перез веќе го знае и името на неговиот наследник.

„Ас“ претходно објави дека легендарниот Раул Гонзалес е главниот кандидат за наследник на Зидан, но последните информации зборуваат дека Флорентино Перез е веќе договорен со Маурицио Покетино кој сега е без клуб, а пред една година доби отказ од Тотенхем.

Покетино неодамна и самиот изјави дека би сакал еден ден да го води Реал Мадрид. А, Перез очигледно ќе се обиде да му ја исполни желбата.

Се вчитува...